Home

Книги од

Шри Чинмој

на македонски јазик


Шри Чинмој има напишано голем број на душевни дела за инспирација на човештвото. Преку своите дела, со едноставен и јасен стил, споделува сознанија за природата на духовниот живот и односот на трагачот со Бог. Одговори на илјадници прашања за духовноста од трагачи што патуваат по патот на лично просветлување и преобразба.



„Каде и да одиш, оди со инспирација и тежнение.
Што и да правиш, прави со љубов и грижа.
Кого и да гледаш, гледај го со убавината на чистотата и славата на одговорноста.“

– Шри Чинмој

Концентрација, медитација, контемплација

Со кoнцeнтрaциja стaнувaмe eднoнaсoчeни. Со мeдитaциja ja ширимe нaшaтa свeст вo Прoстрaнствoтo и влeгувaмe вo нeгoвaтa свeст. Нo вo кoнтeмплaциja прeрaснувaмe вo сaмoтo Прoстрaнствo, a нeгoвaтa свeст стaнувa нaшa сoпствeнa.


Концентрација

Koнцeнтрaциjaтa знaчи внaтрeшнa буднoст и спрeмнoст.

Медитација

Мeдитaциjaтa знaчи нaшe свeснo рaстeњe вo Бeскoнeчнoстa.

Контемплација

Koнтeмплaциjaтa ja упaтувa пoрaкaтa нa неразделно eдинствo.

Книги од Шри Чинмој

Нека едноставноста, чистотата и светлината на придонесите на
Шри Чинмој ве инспирираат на оваа страна.



     „Не бавно,
туку молитвено
и душевно живеј
за да имаш срце од љубов
и живот на мир.“

– Шри Чинмој
Кој е Шри Чинмој?

Шри Чинмој е ретко отелотворување на древна дисциплина, мудрост и идеали. Човек со неугаслива жед за олеснување на страдањето и за потполно исполнување на човековиот род. Како неуморен иноватор, Шри Чинмој помина 50 години творејќи моќни фонтани на инспирација и охрабрување со неговите животни постигнувања од внатрешна дисциплина и посветеност на Севишниот.

Лично уверен, охрабрен и мотивиран од некои од најголемите лидери и визионери на 20-тиот век, Шри Чинмој беше во можност да ги канализира возвишените енергии откриени однатре во солидни и практични алатки за подобрување на животите на неговите браќа и сестри.

Од неговото возвишено единството со човештвото, Шри Чинмој создаде посебен пат кон лична и заедничка радост и благосостојба што понизно и безусловно ја нудеше на стотици начини преку повеќе од четири децении, на многу разновидни и импресивни полиња.

Повеќе за Шри Чинмој

Творештвото на Шри Чинмој

Шри Чинмој користеше многу форми на пишан и говорен збор, вклучувајќи поезија, есеи, предавања, афоризми, прашања и одговори, приказни и претстави. Оваа разноликост на облици се совпаѓа со неговиот спектар на предмети, од хумористични приказни за животот на село и претстави за животот на духовните личности, до предавања за филозофијата на јогата и поезија на мистично восхитување.

Каде може да се најдат книгите?

Книгите може да се најдат на www.meditacija.mk/prodavnica.
За какви било други дополнителни информации, контактирајте нè на емаил info@knigi.mk.